4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве го доведе Мората, следен е Евра

Јуве го доведе Мората, следен е Евра

Real Madrid CF v UD Almeria - La Liga

Јувентус го купи напаѓачот на Реал Мадрид Алваро Мората. 21-годишниот младински репрезентативец на Шпанија пристигна во Торино во петокот, а утрово ги помина лекарските прегледи. Тој ќе биде претставен официјално во 15.00 часот

„Многу сум среќен што ќе бидам тука. Немам трпение да ја започнам новата авантура“, изјави Мората, откако пристигна во клупската база на „старата дама“. Тој се фотографираше со фановите и подарите автограми.

Договорот на Алваро Мората ќе е за пет години, а според италијанските медиуми Јувентус ќе плати трансферна сума од 18 милиони евра. Во договорот ќе има клаузула за откуп од 30 милиони евра.

Напаѓачот е тинејџер на Реал и досега играл само за овој тим. Со тимот на европскиот шампион тој забележа 52 натпревари, во кои забележа 11 гола. Освен трофеите со Реал тој има две европски титули со Шпанија – со тимот до 19 години во 2011-та година и со тимот до 21 години во 2013-та година, откако стана голгетер и на двете првенства.

Се очекува во наредните денови Јувентус да го реализира и доведувањето на Патрис Евра. Според „Sky Italia“ имало некои сомнежи дека зделката ќе се оствари поради повлекувањето на Антонио Конте и назначувањето на Масимилиано Алегри, но се е веќе прецизирано.

„Старата дама“ ќе плати два милиони евра за левиот бек, кој има уште една година од договорот со Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП