21 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО10-те најскапи тинејџери досега!

10-те најскапи тинејџери досега!

Juan Carlos Paredes, Luke Shaw

Левиот бек Лук Шо со трансферот од Саутемптон во Манчестер Јунајтед за 33 милиони фунти стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот.

На листата од десетте најскапи во историјата, Јунајтед купи уште двајца – Руни полн погодок, а Андерсон промашување. Тука се и Савиола, Маркињос, Касано, Рамос, Оби Микел, Пато и Лукаку. Талентот значи многу, но не е и пресуден… Еве ја листата:

1. Лук Шо – 33 милиони финти (Саутемптон – Манчестер Јунајтед).

По одличната сезона кај „светците“, Адам Лалана и Рики Ламберт отидоа во Ливерпул, а Јунајтед потроши огромни пари за момчето кое треба да биде замена за Патрис Евра на позицијата лев бек. Шо беше во тимот на Англија на Мундијалот и започна меѓу стартерите на дуелот со Костарика.

2. Вејн Руни – 30 милиони фунти (Евертон – Манчестер Јунајтед).

Од оваа перспектива, феноменален потег на „црвените ѓаволи“ и Алекс Фергусон. Откатко во дресот на Евертон даде прекрасен гол против Арсенал, Руни со неполни 17 години потпиша за Јунајтед во 2004-та година. Во меѓувреме стана легенда на клубот со кој пет пати ја освои Премиер лигата и еднаш Лигата на шампионите.

3. Хавиер Савиола – 29 милиони фунти (Ривер Плата – Барселона).

Пред точно 13 години Барса од Аргентина го доведе овој 19-годишен фудбалер, кој требаше да биде еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тој солидно ја одигра првата сезона, но тогаш се тргна во друг правец. Савиола играше уште за Монако, Севиља, Реал Мадрид, а остави белег во Бенфика, го носеше дресот на Малага, а сега е во Олимпијакос. Солидна кариера, но далеку од таа што му се предвидуваше.

4. Маркињос – 25 милиони фунти (Рома – ПСЖ).

Римјаните на време го „снимија“ младиот стопер на Коринтијанс, а своето добро скаутско око дебело го наплатија минатото лето, кога Бразилецот премина во ПСЖ. Маркињос сега е на радарот на Барселона и се верува дека ќе стане врвен фудбалер.

Portugal Soccer Champions League Final

5. Андерсон – 25 милиони фунти (Порто – Манчестер Јунајтед).

Ако Руни беше полн погодок за сер Алекс Фергусон, Андерсон беше спротивност. Никогаш не го оствари целиот потенцијал од кога дојде во 2007-ма во Јунајтед, ниту пак подолг период не се задржа во првиот тим. Минатата сезона ја помина како позајмен играч во Фиорентина.

6. Антонио Касано – 24 милиони фунти (Бари – Рома).

Очигледно го сврте вниманието на фудбалскиот свет со талентот кој го покажа во Бари и покрај фактот дека често се наоѓаше во жолтиот печат поради својот бурен темперамент, тој имаше прилично успешна кариера. Пет години во Рома, не толку добра епизода во Реал, па во Сампдорија, Милан, Интер и моментално во Парма.

7. Серхио Рамос – 22 милиони фунти (Севиља – Реал Мадрид).

Моментално е еден од најдобрите стопери во светот и еден од најзаслужните за тоа што Реал прв пат по генерацијата на Зидан ја освои Лигата на шампионите. Премина во Реал во 2005-та година, а интересно е дека во тимот од Андалузија играше на позицијата десен бек. Незаменлив и во репрезентацијата на Шпанија со која освои две европски и едно светско првенство.

Mirko Vucinic, John Obi Mikel

8. Џон Оби Микел – 16 милиони фунти (Лин – Челзи).

Иако требаше да премине во Манчестер Јунајтед, Челзи некако успеа тогаш да го украде 18-годишниот Нигериерц. Се покажа дека Микел не беше толку вреден за расправија, но и за толку пари – иако имаше блескави моменти, тој никогаш не стана тоа што се очекуваше од него. Челзи ова лето се обидува да го продаде, но нема многу заинтересирани.

9. Алесандре Пато – 15 милиони фунти (Интернационал – Милан).

Дојде меѓу „росонерите“ со неполни 18 години, а се очекуваше да стане позната светска ѕвезда, но тоа никогаш не се случи. Не се прилагоди на европскиот начин на игра, но и повредите во добар дел го спречија во тоа да го стори. Во јануари минатата година се врати во Бразил во екипата на Коринтијанс.

10. Ромелу Лукаку – 15 милиони фунти (Андерлехт – Челзи).

Со 17 години Лукаку дојде на „Стемфорд Бриџ“, но од него не се виде многу. Минатите две години помина како позајмен играч во ВБА и Евертон, играше одлично и ќе видиме дали конечно ќе добие шанса и во Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП