2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи зема и трет играч од Атлетико Мадрид

Челзи зема и трет играч од Атлетико Мадрид

felipe luis

Левиот бек на Атлетико Мадрид Фелипе Луис е многу блиску до премин во англиски Челзи, соопшти „Дејли Меил“.

Раководството на „сините“ од Лондон е подготвено да плати 20 милиони фунти за 28-годишниот Бразилец. Тој веќе соопшти дека има желба да премине на „Стенфорд Бриџ“, поради што и беше отстранет од тренинзите на својот Атлетико.

Челзи веќе успеа да го привлече централниот напаѓач на „јорганџиите“ Диего Коста и си го зеде голманот Тибо Куртуа, кој беше позајмен „Висенте Калдерон“. Фелипе Луис е многу близок пријател и со двајцата, па тоа уште повеќе ја засилува желбата да заигра за тимот на Жозе Мурињо.

Од раководството на Атлетико сепак одбиваат да го продадат својот фудбалер, без да биде платена клаузулата во неговиот договор. Очигледно од Челзи конечно се подготвени да ја платат оваа сума, па трансферот на Фелипе Луис е прашање на време.

Веќе подолго време Жозе Моурињо очајно се обидува да го привлече и централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан. Карло Анчелоти не сака да го продаде францускиот фудбалер, но евентуална понуда од 30 милиони фунти, каква што подготвуваат од Челзи, може и да се премисли.

За да обезбедат дополнителни средства за својата селекција, „сините“ од Лондон ќе се обидат да ги продадат Демба Ба и Марко Марин, за кои се уште нема реални понуди. Сепак, последните информации говорат дека Демба Ба ќе се пресели во Турција, поточно во тимот на Бешикташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП