3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСи замина Конте, Алегри на негово место

Си замина Конте, Алегри на негово место

alegri konte

Поранешниот тренер на Милан, Масимилиано Алегри го наследи на функцијата тренер на Јувентус, Антонио Конте, кој на големо изнанедување на сите вчера си поднесе оставка.

„Скај Спорт Италија“ тврди дека Алегри преговара за деталите на договорот со шампионот и може да се појави на тренингот уште денес. Според информациите на авторитетниот новинар Џанлука ди Марцио, тој веќе има потпишано.

Конте го шокираше фудбалскиот свет синоќа, кога најави дека се повлекува како тренер на „старата дама“ по три многу успешни години.

Се проценува дека 44-годишниот стратег имал несогласувања со раководството на клубот за трансферната политика. Се очекува Јувентус да продаде двајца од клучните играчи од средниот ред – Артуро Видал и Пол Погба.

Шампионите дејствуваа брзо во пронаоѓањето на наследник и го вработија Алегри со договор за две години. Тренерот разговарал со Јувентус синоќа, а утрово ги прецизирал последните елементи на договорот, според кој ќе добива по 2 милиони евра по сезона плус бонуси за постигнатите цели, тврди „Скај“.

Алегри го презеде Милан во текот на летото на 2010-та година и во својата прва сезона го доведе тимот до првата титула од 2004-та година, но во следната година „росонерите“ завршија втори. Тој беше отпуштен порано во текот на годината и беше наследен од Кларенс Сидорф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП