Германскиот фудбалер на Реал Мадрид, Сами Кедира речиси сигурно нема да биде дел од тимот во новата сезона.
Светскиот шампион, кон кого интерес имаат Арсенал и Челзи, остана без дрес во официјалната фан продавница на шпанскиот клуб.
Кедира стана посакуван играч по највпечатливото претставување на светското првенство во Бразил, каде што одигра одлични натпревари по повредата во Мадрид.
Во објавената слика на „Твитер“ од официјалната продавница Реал се гледа дека местото за дрес со број 6 е останато празно – ниту број, ниту име на него.
Според весникот Марка, Арсенал го договорил привлекувањето на 27-годишниот Германец за 19,8 милиони фунти, а во моментов продолжуваат разговорите за неговите лични услови.
Пред неколку дена Лукас Подолски изрази желба Кедира да биде дел од „топџиите“, кои би имале четврти германски репрезентативец во составот во новата сезона.
Кедира се приклучи на Реал во текот на летото на 2010-та година од Штутгарт и во шпанската престолнина ја разви својата игра под водство на Жозе Мурињо.
Во ноември сепак по повредата на коленото и дури се очекуваше да го пропушти светското првенство. Сепак тој успеа да се опорави навреме за да игра клучна улога во патот кон освојување на титулата.
Очекува Реал да го привлече Тони Крос, а во исто време се водат преговори со Монако за голгетерот на мундијалот Хамес Родригез.