28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот електричен автомобил на Teslа ќе се нарекува Model 3

Новиот електричен автомобил на Teslа ќе се нарекува Model 3

model 3 tesla

Илон Маск изјави дека „Model 3“ ќе биде претставен во 2016-та година, веднаш по „Model X“. Во однос на „Teslа S“, автомобилот ќе биде за 20 проценти помал, а со едно полнење на батеријата ќе може да помине преку 320 km.

Новиот автомобил првично требаше да се нарекува „Model E“, но од „Tesla“ беа принудени да го променат името затоа што „Ford“ се закануваше дека ќе ги тужи поради тоа што ги има правата на тоа име.

„Model 3“ всушност ќе биде четвртиот автомобил на американскиот производител на електрични возила, по „Roadster“, „Model S“ и „Model X“. Маск објасни дека се одлучил за бројот „3“ во името затоа што може да се пишува како римски број со три прави линии (III), што е слично на буквата „Е“.

„Сакавме гамата на наши модели да ги имаат ознаките „S“, „E“ и „X“, а со тоа да го соединиме зборот „sex“, но „Ford“ се обиде да го „убие сексот“, се пошегува Маск.

Бројот „три“ во името може да се доведе и во врска со намерата на компанијата со овој модел на пазарот да му со спротивстави на „BMW Serieѕ 3“.

Маск претходно соопшти дека целта е да се намалат трошоците за изработка на автомобили со цел тие да бидат пристапни на пазарот и дека се во потрага за евтина технологија за производство на батерии.

Се очекува почетната цена на „Model 3“ во САД да изнесува околу 35.000 долари (26.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП