3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул дава 55 милиони евра за Ројс!?

Ливерпул дава 55 милиони евра за Ројс!?

marko liverpul

Во Ливерпул веќе имаат јасен план како да ги вложат парите од продажбата на најголемата ѕвезда Луис Суарез. За негов заменик се споменува асот на Борусија Дортмунд Марко Ројс, пишува весникот „Дејли експрес“.

За Германецот ќе бидат платени 55 милиони евра. „Милионерите“ очекуваат минимум 50 милиони евра за ѕвездата, па слична понуда би требало да го задоволи раководството и да се дојде до преговори.

Засега во Ливерпул молчат на оваа тема, но според неофицијални патишта англиските медиуми стигнуваат до информациите дека до овој момент има и други можности за заменик на Уругваецот кој беше продаден на Барселона.

25-годишниот Ројс се уште не е целосно заздравен од повредата поради која го пропушти цело Светско првенство. Но неговите соиграчи во Бундестимот излегоа со огромен гест кон него. Откако ја освоија светската титула, тие излегоа со маици во поддршка на Ројс.

Сепак, според последните информации може да се очекува младиот Германец да ги промени клупските бои и да заигра на „Островото“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП