13 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Картите за финалето достигнуваат и до 20.000 евра

СП 2014: Картите за финалето достигнуваат и до 20.000 евра

karti brazil

Црната берза за билетите на Светското првенство го достигна својот врв пред финалето помеѓу Аргентина и Германија.

Пропусница за ВИП-ложата се нуди на интернет за 20.000 евра. За најубави места во секторите „А“ и „В“, пак, билетите стигнуваат до 8.000. Зад головите од каде се гледа најлошо, навивачите за да бидат дел од финалето можат да влезат за сума од 4.400 евра.

Германците ќе земат рекордна премија од 300.000 при освојувањето на титулата, која ќе биде четврта во историјата на Бундестимот, а досега играчите на Јоаким Лев заработиле по 150.000 евра.

За првата титула од Мундијалот во 1954-та германците заработиле по 1250 евра. 20 години подоцна Франц Бекенбауер и компанија добија по 30.000 евра и едно кабрио.

Последната титула, освоена под раководство на „Кајзер Франц“ во 1990-та година и носи на фудбалерите премија по 65.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП