24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЌе возиме како во видео игри (фото+видео)

Ќе возиме како во видео игри (фото+видео)

soversajbna

„Jaguar“ ја престави новата виртуелна шофершајбна за која овој производител вели дека ќе им помогне на возачите, како на тркачките патеки, така и во секојдневниот сообраќај.

Компанијата „Jaguar Land Rover“ во последно време доста внимание посветува на напредните електронски системи за асистенција.

Најпрво беше претставена таканаречената проѕирна хауба, а потоа и системот кој му помага на автомобилот да го препознае возачот и да ги „научи“ неговите навики и потреби, со цел да му го олесни секојдневното возење.

soversajbna1

Виртуелната шофершајбна е некој вид на проширен и подобрен „head-up“ дисплеј, кој го нудат многу производители на автомобили во своите модели. Овој систем сега е наменет пред се за тркачката патека, но може да послужи и во обуката за напредно возење.

Со цел на возачите да им се олесни минувањето низ кривините на патеката на шофершајбната се проектира иделна траекторија, која ги менува боите од зелена преку жолта до црвена за возачот да знае колку и кога треба да сопира.

soversajbna2

Исто така, возачот за време на повторениот круг може во реално време да види на стаклото како возел во претходниот круг.

Со помош на овој систем може да се вежбаат и маневарски вештини со помош на вирутелните пинови.

Погледнете како функционира овој виртуелен дисплеј:

Исто како класичниот „head-up“ дисплеј, на шофершајбната можат да се проектираат и други податоци кои се важни за секојдневното возење, како сообраќајните знаци, известувањето за ограничувањето на брзината или навигацијата.

„Jaguar Land Rover“ работи и на слични виртуелни системи кои можат да прикажат бројни инструменти, но и виртуелни ретровизори, така возачот нема потреба да го трга погледот од патот пред себе.

Покрај тоа компанијата развива и технологија за управување на одредени функции и команди со помош на гестови и со движење на главата на возачот. Па така, возачот може да ги вклучи брисачите, а да не ја поместува раката од воланот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП