2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Клосе имаме лоша вест, Милер има 24 години...

СП 2014: Клосе имаме лоша вест, Милер има 24 години…

Germany's striker Miroslav Klose (L) cel

Мирослав Клосе е најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите. Но може да се случи неговото владеење да трае дури четири или во најдобар случај осум години.

Кралот е мртов, да живее новиот крал, извика светот по голот со кој Германецот го помина Роналдо на вечната листа на стрелци на светските првенства.

Но истото можеме да го кажеме за четири години во Русија или најдоцна во Катар. За германците е утеха, затоа што титулата ќе остане во „семејството“.

Имено, Томас Милер постигна десет гола на два Мундијали, поточно помалку од два, затоа што му остана и финалната средба на тековниот. Фудбалерот на Баерн беше „Златна копачка“ во Јужна Африка и на ова првенство постигна пет голови, а тој има само 24 години.

Има шест голови помалку од Клосе, што е достижно веќе во Русија, дури и да не биде стрелец на последниот натпревар на ова првенство. Реално е да се очекува да продолжи да се развива со ова темпо и да игра најмалку уште на две првенства. Ако биде долговечен како Клосе, би можел да игра и во 2026-та.

Тој сега на листата им се придружи на Полјакот Лата, Кубиљаса од Перу, Линкер и Батистута кои дадоа по 10 голови. Следната мета е неговиот сонародник Јирген Клинсман. Американскиот селектор постигна 11 голови на 17 натпревари на светските првенства.

Пред Милер се уште, Кочиш со 11, Пеле кој даде 12, Жист Фонтен со 13, потоа легендарниот Герд Милер со 14, Роналдо (15) и новиот рекордер Клосе.

Очигледно на германците им идат головите на Мундијалите, дури петорица се во топ 10 на сите времиња. Инаку најдобар просек имаат ѕвездите на педесетите Фонтен и Кочиш, повеќе од два гола по натпревар, но тогаш се играло отворено и со повеќе голови. Тие двајца имаат настапено на само едно првенство.

Милер постигнува по гол на средба, ако на секое светско дава по пет голови, доколку игра како Клосе, би можел да дојде до дури 25 голови, што веројатно ќе биде неможно да се стигне.

Иднината му припаѓа на Томас Милер, во тоа не треба да се има никакво сомневање…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП