2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi Evolution нема да има вистински наследник (фото)

Mitsubishi Evolution нема да има вистински наследник (фото)

evo lancer1

Со претставувањето на моделот „Lancer Evolution X“ зa 2015-та наменет за американскиот пазар, „Mitsubishi“ потврди дека нема во план негов директен наследник.

Иако актуелниот модел е повлечен од многу пазари поради слабата продажба, „Evo X“ ќе биде достапен во САД барем уште една година.

Моделот за 2015-та година ќе започне да се произведува во текот на јули со две нивоа на опрема. Двете верзии ќе добијат погон од 2.0-литарскиот четирицилиндарски турбо-бензинец со 295 ks (217 kW) и 406 Nm максимален вртежен момент.

evo lancer2

Моторот е поврзан со петстепен мануелен или шестбрзински автоматски „Twin-Clutch Sportronic Shift Transmission“ (TC-SST) со двојно квачило со стандарден погон на сите четири тркала.

„Mitsubishi“ во исто време соопшти дека компанијата по 2015-та не планира негов наследник кој биде заснован на спортскиот седан со моќен турбо-бензински мотор и погон на 4 тркала.

Од друга страна, јапонскиот производител вели дека ќе ја разгледа можноста нивните идни спортски модели да ја користат технологијата на електричните возила, додека технологијата која е развиена за „Lancer Evoluton“ ќе го продолжи својот живот низ некои други автомобили на „Mitsubishi“ во наредниот период.

evo lancer3

„Mitsubishi“ серијата на моделот „Evolution“ ја лансираше во 1992-ра година. За нешто повеќе од две децении, колку што автомобилот е присутен на пазарот, променети се десет „Evolution“ генерации.

Во Јапонија вкупно се продадени околу 92.000 примероци, а ширум светот уште 154.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП