28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанџукиќ заминува во Атлетико Мадрид

Манџукиќ заминува во Атлетико Мадрид

mario mandza

Готова е сагата околу тоа каде кариерата ќе ја продолжи хрватскиот фудбалер и досегашен напаѓач на Баерн Минхен, Марио Мануџукиќ. Според информациите постигнат е усмен договор со „баварците“ и екипата на Атлетико Мадрид.

Како што пренесуваат одредени медиуми, спортскиот директор на Баерн, Матијас Замер рекол дека имаат договор со Атлетико за трансферот на Хрватот.

„Сакаме да му се заблагодариме на Манџукиќ на неговите игри во Баерн и му посакуваме успешно продолжување на кариерата“, рекол Замер.

Засега се уште нема информации за договорот, а шпанските медиуми вчера пишуваа дека Атлетико за трансферот на хрватскиот напаѓач ќе плати околу 20 милиони евра.

Манџукиќ за Баерн Минхен во претходните две сезони настапи 88 пати и постигна 48 голови.

Денеска „баварците“ и официјално го претставија Роберт Левандовски како нов играч на тимот од Минхен, а тој ја доби „деветката“ која досега беше во сопственост на Манџукиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП