2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдидас ќе ги облекува „ѓаволите“!?

Адидас ќе ги облекува „ѓаволите“!?

united adidas

Манчестер Јунајтед ќе ја замени опремата во текот на летото на 2015-та година. Ова стана јасно откако досегашниот снабдувач на тимот, „Најк“ одлучи да не го продолжи договорот со клубот.

Односите меѓу „црвените ѓаволи“ и американската компанија датираат од 2002-ра година, а тогаш првичниот договор беше за 303 милиони фунти плус дополнителни приходи од продажба на дресови во целиот свет.

Според „Дејли Меил“ главен фаворит за нов снабдувач на опрема на Манчестер Јунајтед е германскиот гигант „Адидас“, кој понудил 10-годишен договор во вредност од околу 750 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед играше во опремата на „Адидас“ од почетокот на 80-тите години на ХХ-тиот век до 1992-та година, кога „црвените ѓаволи“ се одлучија да ги носат производите на англиската фирма „Умбро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП