1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 навики кои го саботираат вашиот успех

6 навики кои го саботираат вашиот успех

65148_zena-1-shutterstock-162783653_630x0

Сите ние понекогаш имаме лоши навики, но многу луѓе на крајот ги совладуваат и ги балансираат, па тие навики кратко се задржуваат во нивниот живот. Без оглед на тоа колку ви е тежок животот и какви предизвици стојат пред вас, можете да се насочите кон решавање на овие проблеми и да бидете посмирени и подобри за себе и за другите.

Овие шест навики треба што поскоро да ги искорените:

1. Прифаќате се лично

Луѓето кои мислат дека се што ќе им се каже е навреда насочена лично кон нив, немаат убав живот. Она што луѓето го зборуваат говори многу повеќе за нив отколку за вас. Реакциите на луѓето се обликувани од нивниот поглед на работите и вие и вашето однесување можеби не сте влијаеле на тоа. Не треба секој пат да го игнорирате тоа, но не треба ниту секој пат да се разочарувате и да се растажувате. Значи, не прифаќајте се лично.

2. Опседнатост со негативни мисли

Не е лесно да се биде во друштво на луѓе кои секогаш се опседнати со негативност – кои мислат и зборуваат за лоши работи кои се случиле и кои можат да се случат. Овие луѓе тврдоглаво одбиваат да ја видат позитивната страна на нешто. Песимизмот е една работа, но константното држење на негативните мисли е сосема нешто друго. Ако го гледате само негативното и мислите дека се е против вас, нема далеку да стигнете, па најдобро е од корен да го промените таквото однесување.

3. Се гледате себеси како жртва

Уште една токсична навика е константното жалење себеси и претворањето себеси во жртва. Ако верувате дека сте жртва и дека немате моќ да управувате со својот живот и влијаете на неговиот тек, морате да најдете храброст да ја свртите ситуацијата и да стекнете контрола врз вашиот живот. Кога ќе престанете да се жалите, ќе разберете дека вашиот живот зависи само од вас. Прифатете ја реалноста и храбро управувајте со својот живот.

4. Суровост – недостаток на емпатија

Ова е едно од најштетните однесувања. Секој ден се среќаваме со суровост и недостаток на чувства, но ретко кој ќе се замисли колку штета нанесува тоа на другите луѓе. Ако се видите себеси дека сте сурови кон некого, на некој да му работите зад грб или свесно му наштетувате со своето однесување, запрете се. Најдете сочувство во себе и разберете дека сите сме луѓе и дека сите сме еднакви и исти.

5. Претерани реакции

Неможноста за контролирање на емоциите е штетна за сите околу вас. Сите познаваме луѓе кои „експлодираат“ поради ситници. Викање, врискање и фрлање работи поради тоа што нешто не е на своето место или затоа што некој задоцнил пет минути? Ако имате претерани реакции од овој тип, ви треба помош од стручно лице кое ќе ви помогне да стекнете контрола над своите емоции и да разберете што се крие во нивните корени.

6. Потреба за константно потврдување

Луѓето на кои им е потребно константно потврдување од страна на други, поради поголема доверба и луѓето кои само со туѓите пофалби го мерат својот труд, напорни се за многумина. Мажите и жените кои имаат потреба да ја докажуваат својата вредност одново и одново и константно сакаат да бидат подобри од другите, не се пријатно друштво. Опуштете се и немојте да бидете оптоварени со успехот и со тоа што другите мислат за вас. Мислете убаво само самите за себе – тоа ќе биде доволно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП