9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајк одбива да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед

Најк одбива да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед

mu nike

„Најк“ ги прекина разговорите за спонсортство на Манчестер Јунајтед, бидејќи 20-кратниот шампион на Англија сака повеќе од 60 милиони фунти (102,8 милиони долари) годишно, за да го обноват договорот за снабдување со опрема.

Од „Најк“ сметаат дека бараната цена не е реална, изјави за „Блумберг“ извор запознат со преговорите. Агенција „Ројтерс“, исто така информира дека „Најк“ нема да го обнови договорот за испорака на опрема на „Јунајтед“. Двете страни преговараат повеќе од една година.

Актуелниот 13-годишен договор истекува на 31-ви јули 2015-та година и според неговите услови Јунајтед добива 23,3 милиони фунти годишно плус процент од приходите од продажба. Во друга клаузула „Најк“ има предност за потпишување, ако условите на понудата е иста со таа на конкурентите, како „Адидас“ пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП