3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Јанузај добива смртни закани!

СП 2014: Јанузај добива смртни закани!

FBL-WC-2014-FRIENDLY-BEL-LUX

Играчот на Манчестер Јунајтед е мета на анонимни закани, а причината за тоа е што одбил да игра за репрезентацијата на Албанија, туку се одлучил за Белгија.

Аднан Јанузај беше дел од екипата на Белгија на Светското првенство во Бразил, но не ја доби шансата која ја очекуваше, поради тоа што настапи само еднаш и тоа на резултатски неважната средба против Јужна Кореја.

Тој подигна доста прашина со својата одлука да игра за тимот на Марк Вилмотс, поради тоа што беше голема желба на репрезентацијата на Албанија и Косово, додека некои одеа и толку далеку што го поврзуваа и со Англија.

Поради сето тоа, овие денови му пристигнуваат многу анонимни закани по пат на друштвените мрежи, според кои „црно му се пишува доколку дојде во Косово“.

Секако дека полицијата ќе реагира, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно овие закани да престанат.

Дали Јанузај згреши со изборот на Белгија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП