4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi има најдобра продажба во својата историја

Audi има најдобра продажба во својата историја

Audi-factory-3

Уште еден германски производител на луксузни автомобили оствари рекордна продажба во првата половина од 2014-та година. „Audi“ во првото полугодие на купувачите ширум светот им испорача 869.350 возила.

Компанијата на тој начин забележа раст во продажбата од 11,4 oтсто во однос на резултатот кој е постигнат во истиот период во 2013-та година.

Порастот на испораки е остварен и во јуни и тоа за 10,8 проценти во споредба со истиот месец од претходната година. Во овој месец пласирани се 155.450 aвтомобили од марката „Audi“.

Како што тоа е случај кај „Mercedes“, зa зголемувањето на продажбата најзаслужни се компактните модели. Продажбата на „Audi A3“, кој во најновата генерација за прв пат има и лимузинска верзија, забележа скок за првите шест месеци во годината за дури 49,4 проценти и изнесува 144.750 единици.

Значително зголемување на испораките оствари и „Audi Q3“ (+37%).

На двата значајни светски пазари, северноамериканскиот и кинескиот, во јуни се постигнати одлични резултати.

Во Северна Америка испорачани се 20.158 aвтомобили (+21,2%), a во Кина, за прв пат во еден месец продадени се преку 50.000 „Audi“ возила (+14,1%).

Од почетокот на годината, само на пазарот во САД продадени се 84.349 автомобили (+13,6%), a додека до кинеските купувачи пристигнале 268.666 возила со знакот на „Audi“ (+17,8%).

Продажбата во Европа исто така порасна, па во текот на јуни испорачани се 69.250 возила (+6,4%), a во првите шест месеци од годината 410.050 aвтомобили (+6,9%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП