Францускиот шампион ПСЖ подготвува многу сериозна понуда за крилото на Реал Мадрид Анхел Ди Марија, соопштува весникот „AS“.
Аргентинецот во моментов е со националниот тим во Бразил, каде што неговиот тим ќе игра во полуфиналето против Холандија во среда.
26-годишниот играч сепак нема да игра повеќе на шампионатот, бидејќи заработи повреда за време на четвртфиналето со Белгија.
Според информациите ПСЖ е подготвен да извади околу 70 милиони евра, за да го има во својот состав Ди Марија, кој има договор со кралскиот клуб до 2018-та година.
Монако и Манчестер Сити исто така сакаат да го привлечат фудбалерот, но според весникот имаат тенденција да дадат за 20 милиони помалку од „светците“.