Европскиот шампион, Реал Мадрид и првакот на Англија, Манчестер Сити влегуваат во битка за францускиот репрезентативец на Јувентус, Пол Погба.
Медиумите во Франција тврдат дека од „кралскиот клуб“ имаат намера да го пробаат теренот и да видат какви се нивните можности да го привлечат полудефанзивецот.
Погба има договор до 2016-та година со „бјанконерите“ и најверојатно нема намера да брза со одлуката за својата иднина. Неговиот менаџер Мино Раиола изјави дека Погба ќе потпише со Јуве после светското, но тоа уште не се случило.
Раководството на Манчестер Сити пак ќе упати нова понуда до полудефанзивецот на Јувентус, откако првиот предлог со вредност до 40 милиони евра беше одбиен. Во Италија тврдат дека овој пат „граѓаните“ двојно ќе го зголемат износот.