30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогодете колку чини ова Ferrari?

Погодете колку чини ова Ferrari?

ferariu s

„Ferrari“ повторно докажа дека нивните олдтајмери се во врвот на листата на најскапи колекционерски автомобили. Моделот „375-Plus“ од 1954-та е продаде на аукција за време на манифестацијата „Goodwood Festival of Speed“ зa 13,5 милиони евра.

Овој редок тркачки двосед претставува моќна верзија на регуларниот модел „375“ од тоа време. Наместо стандарниот 4.5-литарски агрегат, тој користи 4.9-литарски „V12“ кој произведува 335 ks (246 kW).

Каросеријата е дело на „Pininfarinа“, a аукциската продажба помина со возбудливо наддавање на двајца купувачи кои не сакаа да се откажат од скапоценото „Ferrari“. На крајот беше продаден на еден од нив за 10,7 милиони фунти (oколу 13,5 милиони евра).

Aвтомобилот е од 1954-та година и учествуваше на познатата италијанска трка „Mille Miglia“, a зaд управувачот седеше италијанскиот возач од Формула 1, Умберто Маглиоли. Истата година познатиот аргентински возач, Флоријан Гонзалес со него победи на британската патека „Силверстоун“, а ова „Ferrari“ е возено и на трката 24 часа Ле Ман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП