3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC во вториот квартал оствари профит

HTC во вториот квартал оствари профит

htc profit vtor

Неодамна објавениот финасиски извештај за вториот квартал за 2014-та година покажува дека тајванската компанија „HTC“ конечно започна да ја стабилизира својата работа.

Во текот на вториот квартал е остварен приход од 2.1 милијарди долари, додека е остварена е нето добивка поголема за 80 проценти, доколку се спореди со истиот период од минатата година.

Таа е нешто поголема во споредба со предвидувањата, па наместо околу 72.5 милиони долари, остварена е добивка од 75 милиони долари.

Што се однесува до месечните резултати, во текот на јуни е остварен приход од 733 милиони долари, што е нешто повеќе приход од мај кој изнесуваше 704 милиони долари, но тоа сепак е за 0,72% помалку на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП