Монако се поигра со шпанскиот голман Виктор Валдес по денешниот лекарски преглед во клубот. По истражувањата лекарите на „кнезовите“ заклучиле дека Валдес е повреден и го стопираа трансферот во Монако.
Повредата на Шпанецот беше општо позната, а неговото наводно враќање на теренот требаше да биде кон крајот на септември или октомври.
Според шпанскиот печат од Монако решиле да го вратат на Валдес, кој се договори со нив пред време, но тој потпиша прелиминарен договор со Манчестер Сити.
„Граѓаните“ од друга страна го поништија договорот по повредата во март и сега голманот е без клуб.