
Барселона денеска ги започнува преговорите со претставниците на Ливерпул за привлекување на напаѓачот Луис Суарез, соопштуваат медиумите во Англија.


Барселона денеска ги започнува преговорите со претставниците на Ливерпул за привлекување на напаѓачот Луис Суарез, соопштуваат медиумите во Англија.
Првата средба меѓу двете страни ќе се одржи во Лондон, а Барса има најдобри шанси да го купи уругвајскиот репрезентативец, кој учествуваше на светското првенство во Бразил.
27-годишниот голгетер нема право да игра на клупско ниво во текот на следните четири месеци, бидејќи го гризна Џорџи Кјелини во дуелот од групната фаза на СП 2014 помеѓу Италија и Уругвај минатата недела.
Претставниците на Ливерпул треба да се состанат со делегацијата на каталонскиот клуб, предводена од Раул Саниеи. Се очекува „сино-црвените“ да предложат минимум 70 милиони фунти за Суарез или помал износ и трансфер на Алексис Санчез, кој беше посакуван од Англичаните пред неколку сезони.
Суарез е казнет и нема да игра во следните девет натпревари на уругвајскиот национален тим, а заработу суспензија од фудбал во следните четири месеци.
Минатиот шампионат напаѓачот на Ливерпул стана голгетер број 1 на Премиерлигата.