ИНТЕРЕСНО

Ракитиќ пристигна на „Камп Ноу“

ivan rakitic barsa0

Едно од новите засилувања на Барселона, Иван Ракитиќ пристигна вчера вечерта во каталонската престолнина.

Хрватскиот техничар позираше пред амблемот на „сино-црвените“ и рече неколку зборови пред медиумите.

„Сакам да продолжам да се развивам како играч. Имав одлична сезона во Севиља, а сега сакам да го подобрам настапот“, изјави тој.

„За мене е голема радост да сум тука. Со нетрпение очекувам да започнам со секојдневната работа и да се запознаам со сите. Сега сум на одмор, но сум толку амбициозен, така што можам да почнам со тренирање уште утре“, вели Хрватот.

Ракитиќ ги помина медицинските прегледи и се очекува напладне да го потпише договорот, а во попладневните часови ќе биде официјално претставен како нов играч на Барселона.