2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Мундијалот постави рекорд според пресврти

СП 2014: Мундијалот постави рекорд според пресврти

holnd presvrti

Од почетокот на светското првенство во Бразил видовме голем број на пресврти на натпреварите – вкупно 9, што е апсолутен рекорд, заедно со Мундијалот 1970-та во Мексико.

До крајот на овој шампионат сепак остануваат уште 12 средби, а најголем придонес за овој рекорд има Холандија.

Досега „лалињата“ одиграа 4 средби, а во три од нив успеаа да триумфираат откако имаа негатива. Тие тоа го сторија против Шпанија (5:1), Австралија (од 1:2 до 3:2) и Мексико (2:1). Само против Чиле избраниците на Луис ван Гал победија без да примат гол – 2:0.

Ниту еден друг тим од почетокот на светското во Бразил не успеал да стигне до повеќе од еден пресврт.

Досегашните пресврти на СП 2014:

Бразил – Хрватска 3:1

Холандија – Шпанија 5:1

Холандија – Австралија 3:2 (од 1:2)

Брегот на Слоновата коска – Јапонија 2:1

Костарика – Уругвај 3:1

Швајцарија – Еквадор 2:1

Еквадор – Хондурас 2:1

Белгија – Алжир 2:1

Холандија – Мексико 2:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП