
Репрезентацијата на Костарика се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа по подоброто изведување пенали ја совлада Грција.


Репрезентацијата на Костарика се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа по подоброто изведување пенали ја совлада Грција.
Во основите 90 минути резултатот беше 1:1, така остана и по дополнителните 30, а на пенали беше 5:3.
Брајан Руиз ја доведе репрезентацијата од Средна Америка во водство со погодокот во 52.минута. Изедначи Сократис Папастополус во 90+1.минута.
Костариканците од 66.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дуарте (втор жолт картон).
Од тој момент Грците ја презедоа иницијативата и покрај изедначувачкиот гол создадоа уште неколку сериозни шанси од кои најголемата во самиот финиш на продолженијата преку Митроглу.
Во четвртфиналето на 5 јули Костарика ќе игра со Холандија.
Претходно беше формирана првата четвртфинална двојка и неа ја сочинуваат Бразил и Колумбија.