4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојс ќе седне на клупата на Галатасарај!?

Мојс ќе седне на клупата на Галатасарај!?

mojso0

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е на пат да го преземе Галатасарај.

Иако беше најавуван како наследник на Сер Алекс Фергусон, стратегот кој не успеа кај „црвените ѓаволи“, веќе е во Истанбул, за да ги одржи последните преговори за договорот.

Дејвид Мојс беше снимен на аеродромот „Ататурк“ во петокот. Според информациите, неговата посета е фокусирана – средба со бордот на директори на турскиот гигант.

Се очекува во следните неколку дена да биде најавено дека Дејвид Мојс ќе го замени Роберто Манчини на функцијата. Италијанецот беше отпуштен веднаш по завршувањето на турското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП