2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Adidas несака да соработува повеќе со Уругваецот

СП 2014: Adidas несака да соработува повеќе со Уругваецот

adidas suarez

Познатиот германски производител на спортска опрема „Adidas“ соопшти дека до крајот на Мундијалот повеќе нема да ја користи рекламата во која се појавува Луис Суарез.

Оваа одлука доаѓа откако Уругваецот беше суспендиран на четири месеци поради тоа што го гризна Италијанецот Џорџо Кјелини.

„Ние во „Adidas“ во целост ја поддржуваме одлуката која е донесена од страна на ФИФА. За нас однесувањето на Суарез е неприфатливо и мораме да го потсетиме дека од играч со кој имаме договор очекуваме одредени стандарди во однесувањето. Нема да го користиме Суарез во маркетингот за време на Светското“, се вели во соопштението од „Adidas“.

Суарез е казнет на девет натпревари суспензија и четири месеци надвор од фудбалот поради тоа што го гризна Кјелини.

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) немаше милост кон Уругваецот, кој претходно во текот на кариерата истото го стори со Отман Бакал од ПСВ и Бранислав Ивановиќ од Челзи.

Во истовреме, Суарез мора да плати и парична казна од 100.000 швајцарски франци. Напаѓачот на Ливерпул нема да игра во осминафиналето против Бразил, како ни до крајот на првенството во случај Уругвај да мине понатаму, а ќе го пропушти и почетокот на новата сезона во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП