27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Крај на една ера! Сушиќ поднесе оставка

СП 2014: Крај на една ера! Сушиќ поднесе оставка

Bosnia's coach Safet Susic watches the 2014 World Cup Group F soccer match between Argentina and Bosnia at the Maracana

По пет години на клупата на „змаевите“ и пласман на првото големо натпреварување, селекторот Сафет Сушиќ изјави дека повеќе нема да ја води репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

„Ова беше мојата последна средба на Светското првенство“, изјави Сушиќ, откако неговата репрезентација со 3:1 го надигра Иран во последниот натпревар од групата „Ф“.

Сушиќ и онака имаше договор до крајот на овој Мундијал, а иако раководството на Федерацијата сакаше да преговара за нов договор, популарниот „Папе“ одлучи да се заблагодари на соработката по 44 натпревари на клупата на БиХ.

„Некогаш е убаво чувството кога немаш обврски. Можам да одлучам за својата судбина и тоа е мојот избор“, вели „Папе“.

Тој со селекцијата на БиХ дојде до 22 победи, седум пати неговата репрезентација ремизираше, а 15 пати загуби. Најголемата победа ја остварија против Лихтејнштајн (8-1), a најтешкиот пораз беше од Португалија (2-6).

„Жал ми е за тие кои ги разочаравме. Требаше да бидеме подобри со оглед на квалитетот на нашите играчи, но сега е време да гледаме напред и на квалификациите за Еуро 2016. Во Бразил ни недостасуваше искуство и смиреност во завршниците на првите две средби, но неможам да се пожалам на пристапот на играчите“, рече сега веќе поранешниот селектор на Босна и Херцеговина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП