18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед ќе го финализира трансферот и на Лук Шо

Јунајтед ќе го финализира трансферот и на Лук Шо

luk so9993

Откако го обезбеди првото летно засилување, во лицето на Андерс Ерера, раководството на Манчестер Јунајтед е на пат да го финализира и трансферот на Лук Шо.

Левиот бек на Саутемптон, кој има три натпревари за англискиот национален тим, веќе пристигна во Манчестер и ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи на „Олд Трафорд“, а потоа се очекува да потпише долгорочен договор со „црвените ѓаволи“.

Јунајтед го престигна градскиот ривал Манчестер Сити и лондонскиот Челси за потписот на дефанзивецот, откако му предложија вселенската плата од 160.000 фунти неделно и така го претворија во највисокоплатениот тинејџер во светот на фудбалот.

Шо има само 18 години и имаше фантастична сезона со Саутемптон, но и покрај тоа легендарниот Пол Сколс се објави против трансферот на Британецот, кој ќе го чини Јунајтед околу 30 милиони фунти.

„За толку пари би сакал напаѓач кој ќе постигнува по 30 гола во сезона“, коментира Сколс и посочи дека англиските фудбалери се доста преценети.

„Тоа е една од причините водечките клубови да инвестираат во странски фудбалери. Странците не се секогаш подобри играчи, но најчесто се поевтини и затоа се најпосакувана опција“, додаде Сколс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП