27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите на „Шкода“ ќе се поврзуваат со уреди со Андроид

Автомобилите на „Шкода“ ќе се поврзуваат со уреди со Андроид

uperb

Чешката автомобилска индустрија „Шкода Ауто” во иднина ќе овозможи поврзување на мобилни уреди со оперативниот систем Андроид со електрониката на своите автомобили.

Како што соопшти компанијата, новата услуга ќе стане достапна поради членството во „Отворената автомобилска алијанса“ (ОАА), која ги здружува светските производители на автомобили, интернет компанијата „Гугл“ и производителите на електроника.

Андроид е најпопуларниот оперативен систем за мобилни уреди како што се паметните телефони или таблети. Целта на Алијансата е атрактивна и безбедна интеграција на уредите со Андроид со автомобилот.

,,Партнерството со ОАА ќе ни овозможи во нашите автомобили да понудиме атрактивни интернет апликации базирани на Андроид оперативниот систем, со што автомобилското поврзување го ставаме на повисоко ниво”, соопшти „Шкода“.

Поврзувањето на паметните телефони и таблети со систем за инфомации и забава на автомобилот овозможува брзо и едноставно гледање на содржините од телефонот.

Работењето со апликацијата е прилагодено со потребите на возачот, а целта е меѓусебно поврзување без да се одвлекува вниманието на возачот од патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП