20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаградата „Мотор на годината“ му припадна на Ford (видео)

Наградата „Мотор на годината“ му припадна на Ford (видео)

motor ford

Веќе трета година по ред моторот на „Ford“ – „EcoBoost“ со зафатнина од 1.0-литри ја освојува наградата за „Мотор на годината“. Овој агрегат освои вкупно 351 поен што е многу повеќе од „V8“ на „Ferrari“ со зафатнина од 4.5-литри кој доби 281 поени и 1.4-литарскиот мотор „Volkswagen TSI“ кој освои 254 поени.

Зад нив следат дволитарскиот турбо мотор на „Mercedes“ и уште еден американски, електричниот на „Tesla“ кој освои 225 поени.

Во изборот учествуваа 82 новинари од 35 различни земји кои во овој мал агрегат на „Ford“ видоа совршен спој на перформанси со ефикасност.

Иако има максимална моќ од 140 „коња“, „Ford EcoBoost“ со зафатнина од 1.0-литри успеа да се најде под хаубата на моделите како што се „Fiesta“, „EcoSport“, „B-Max“, „C-Max“, „Grand C-Max“, „Tourneo Connect“, „Tourneo Courier“, „Transit Connect“ и „Transit Courier“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП