27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Шпанците му веруваат на Дел Боске

СП 2014: Шпанците му веруваат на Дел Боске

DelBosqueCosta

Висенте дел Боске ќе остане на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, соопштува шпанскиот весник „As“. На овој начин тој ќе го исполни договорот, кој истекува во 2016-та година

Потсетуваме дека пред стартот на Мундијалот, Дел Боске најави дека по крајот на престижниот форум може да стави крај на неговата тренерска кариера. По крахот кој го доживеа светскиот и двократниот европски шампиони во земјата на кафето, приказните во оваа насока стануваа се поагресивни.

Весникот тврди дека Дел Боске има целосна доверба од страна на претседателот на Фудбалската асоцијација на Шпанија, Анхел Виљар, како и од генералниот секретар на федерацијата, Хорхе Перес Ариас. Тие се цврсто решени да му дадат шанса на стратегот да се рехабилитира од неуспехот на тимот на Светското првенство. Уште повеќе што и шпанската спортска јавност исто така инсистираше дел Боске да продолжи со својата работа.

Одлуката на федерацијата, сепак, ќе биде објавена по завршувањето на првенството во Бразил.

Под раководство на Висенте дел Боске, Шпанија го освои светското првенство во 2010-та година и европската титула во 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП