14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Фатија 1.500 лажни билети за Нигерија-Аргентина

СП 2014: Фатија 1.500 лажни билети за Нигерија-Аргентина

argentinci navivaci220

Околу 1.600 приврзаници на Аргентина не успеаа во живо да го гледаат шоуто на Лионел Меси, што тој го одржа против Нигерија. Причината за тоа е дека некои од нив биле со лажни билети, а други со карти од некои изминати дуели.

Јужноамериканците победија со 3:2 со два гола на генијалецот на Барселона.

„Фалсификуваните билети биле околу 1.500 и тие се конфискувани пред стадионот „Беијра Рио“ во Порто Алегре, соопшти мајор Клаудио Феоли од бразилската воена полиција.

Двајца Аргентинци пак биле уапсени откако се обиделе да украдат билети од бразилски граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП