9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Мондрагон најстар играч во историјата на Мундијалите

СП 2014: Мондрагон најстар играч во историјата на Мундијалите

mondr

Фарид Мондрагон, голманот на Колумбија стана најстариот играч во историјата на Светските првенства.

Тој синоќа одигра натпревар со наполнети 43 години и три дена.

Колумбискиот голман рекордот го постави во 85.минута од средбата со Јапонија кога влезе од клупата за резерви на местото на првиот голман Давид Оспина.

До синоќешниот настап на Мондрагон најстар играч на Мундијалите беше Роже Мила од Камерун одигрувајќи натпревар со 42 години и 38 дена, против Русија на СП 1994 година во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП