27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Тројца кандидати за позицијата на Прандели

СП 2014: Тројца кандидати за позицијата на Прандели

prandeli naslednici

Лучијано Спалети, Роберто Манчини и Масимилиано Алегри се главните фаворити за функцијата селектор на националниот тим на Италија во фудбал, по оставката на Чезаре Прандели, соопштува „Газета дело Спорт“.

По поразот со 0:1 од Уругвај и елиминацијата во групите на СП 2014, предводникот на „азурите“, Прандели објави дека си заминува.

Според информациите тројцата кандидати се без работа во моментов. Алегри беше отпуштен од Милан во текот на зимата, Спалети беше ослободен од обврските во Зенит – Санкт Петербург во март, а Манчини го напушти турскиот Галатасарај на крајот на сезоната.

Сепак, фудбалската федерација на Италија се уште не се огласи дали ќе ја прифати оставката на Прандели, а доколку го стори тоа, останува да се види дали некој од споменатите тројца ќе ја добие довербата да биде предводник на репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП