9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Уругвај преку Италија во осминафиналето на Мундијалот

СП 2014: Уругвај преку Италија во осминафиналето на Мундијалот

nnnnm

Селекцијата на Уругвај со победата над Италија, обезбеди пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

На натпреварот од последното 3.коло во Д групата одигран во Натал, фудбалерите на Уругвај со 1:0 ја победија Италија во директниот дуел за второто место во оваа група.

Стрелец на победоносниот гол за Уругвај беше Диего Годин во 81-минута.

Вториот натпревар од оваа група без резултатско значење, Коста Рика и Англија одиграа без голови 0:0.

Коста Рика со 7 бодови го освои првото место, Уругвај е втор со 6 и тоа се двете селекции кои се пласираа во осминафиналето, додека Италија со 3 бодови и Англија само со 1 бод, го завршија својот настап на Мундијалот.

Кои ќе бидат противници на Коста Рика и Уругвај во осминафиналето ќе биде познато доцна вечерва откако од 22 часот ќе се одиграа средбите од последното коло во Ц групата меѓи, Јапонија – Колумбија и Грција – Брегот на Слоновата Коска.

Во оваа конкуренција сигурен пласман меѓу шеснаесетте најдобри селекции на првенството веќе обезбеди Колумбија која има 6 бодови. За второто слободно место ќе се борат, Брегот на Слоновата коска која има 3 бодови, односно два повеќе од Јапонија и Грција (по 1 бод).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП