18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо една година во Монако, Фалкао се враќа во Мадрид!?

По една година во Монако, Фалкао се враќа во Мадрид!?

radamel falkao rm

Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао се договорил да премине во Реал Мадрид, објави ТВ каналот „Би ин Спортс“. Официјално трансферот би требало да биде објавен по завршувањето на Светското првенство, чие финале е на 13-ти јули.

Според телевизијата, Фалкао веќе постигнал договор за личните услови со „кралскиот клуб“ и ќе го оствари својот сон да игра во Реал. Како што е познато, Колумбиецот го пропушти Мундијалот, откако не се опорави целосно по тешката повреда на коленото на 22-ри јануари.

„Би ин Спортс“ тврди дека Фалкао ги отфрлил четирите понуди од Премиер лигата на Англија од Челзи, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул и Реал бил единствениот клуб каде што тој сакал да игра.

Пред да премине во Монако, Фалкао помина две успешни сезони во градскиот ривал на Реал – Атлетико и Колумбиецот има куќа во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП