5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП: Двојна премија за Брегот на Слоновата Коска против Грција

СП: Двојна премија за Брегот на Слоновата Коска против Грција

Ivory Coast World Cup team

Фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска ќе добијат двојни премии при победа против Грција во последниот круг на групната фаза и пласман за осминафиналето на Светското првенство, вети претседателот на земјата Аласан Уатара.

Секој играч на африканскиот тим ќе добие дополнително по 25.000 евра за победа над Грците. Ова го објави портпаролот на парламентот Соро Гијом.

„Претседателот ми рече да ви кажам дека е горд на вашите досегашни настапи и ме замоли да ве известам дека ќе ги удвои премиите, доколку ја победите Грција и се квалификувате во осминафиналето“, ова портпаролот им го пренесе на играчите.

Брегот на Слоновата Коска има потреба од победа против Грција, а дури и со реми репрезентацијата може да си обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство и тоа за прв пат во историјата.

Оваа селекција се наоѓа на второто место во Групата Ц со три освоени поени, кои ги забележаа во победата над Јапонија во првото коло (2:1).  Потоа со идентичен резултат следеше пораз од фаворитот во групата, репрезентацијата на Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП