27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСидорф на суд ќе бара 10 милиони отштета од Милан

Сидорф на суд ќе бара 10 милиони отштета од Милан

sidorf200

Отпуштениот тренер на Милан, Кларенс Сидорф ќе бара компензација од 10 милиони евра од италијанскиот гигант. Холандскиот стратег веќе потврди дека ќе поднесе тужба против „росонерите“, кои го ослободија од обврските по крајот на сезоната, иако тренерот имаше договор за уште 12 месеци.

38-годишниот Сидорф стави предвремен крај на фудбалската кариера во јануари, за да го преземе „очајниот“ тим на Силвио Берлускони. Тој, сепак, не успеа да ја постигне поставената цел – пласман во Лига Европа и беше ослободен од претседателот само по 6 месеци работа.

Во моментов Холанѓанецот работи како телевизиски коментатор на Мундијалот во Бразил, но тоа не го спречи да формира моќен тим од американски и италијански адвокати, кои ќе се борат за неговото обештетување.

Реално сумата од 10 милиони евра го надминува вкупниот износ на платите кои Сидорф мораше да ги добие според договорот. Но во неа се вклучува и компензацијата за нанесени „морални и материјални штети“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП