2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Smart Bike (фото+видео)

Samsung Smart Bike (фото+видео)

samsung-smart-bike

„Samsung“ претстави прототип на паметен велосипед кој го соединува традиционалниот дизајн со модерни елементи со кои се гарантира чувството на безбедност при возење.

Велосипедот би требало да функционира во комбинација со паметен телефон за кој е предвидено посебно место на воланот. Тој е опремен со „GPS“, задна камера, ласери и „Arduin“ матична плоча.

samsung-smartbike-1

Четири ласерски зраци го заобиколуваат велосипедот, т.е. на останатите им дава знак дека се наоѓате на патот, односно дека требаат да држат растојание.

Со помош на задната камера, која покажува слика на мобилниот телефон, можете да следите што се случува позади вас. Со „GPS“ би требало да се препознаваат вашите омилени патеки, да јавува за велосипедски патеки во близина, нормално со посебно креирање на мобилната апликација.

Samsung_smart_bike_urbancycling_4

Доколку многу велосипедисти возат на одредена патека, со испраќањето на „GPS“ информација можат да допринесат за изработка на нова велосипедска патека.

Ракмата од велосипедот е изработена од алуминиум, а тоа значително помага во апсорбирање на вибрациите за време на возењето.

samsung-smartbike-3

На прототипот работеа, Џовани Пелицоли, светски познат производител на рамки за велосипеди, и младата студентка од академијата на „Samsung“, Алис Биоти.

Главната цел е да се направи безбеден велосипед, а со тоа да се намали бројот на настрадани велосипедисти во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП