Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси ќе треба да плати вкупно 32,9 милиони евра во државната каса на Шпанија поради обвинението за затајување данок. Ова го соопшти весникот „Марка“.
Минатата година Меси и неговиот татко Хорхе беа обвинети за затајување на даноци во висина од 4,1 милиони евра за периодот 2007-2009 година.
Во август минатата година тие платија околу 5 милиони евра, што е приближно на неподмирениот износ заедно со каматите. Сепак Меси ќе мора да плати дополнителни 65 проценти од оваа сума (2,7 милиони евра) како казна.
Уште 25 милиони евра Аргентинецот ќе плати за пет години по договор со даночните власти за прекршоци извршени во периодот 2010-2012 година. Минатата недела судот одлучи да го ослободи Лионел Меси од кривична одговорност, но најверојатно неговиот татко ќе добие затворска казна.