28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНегредо за 25 милиони се сели во Атлетико

Негредо за 25 милиони се сели во Атлетико

Martin Olsson, Alvaro Negredo

Напаѓачот на Манчестер Сити, Алваро Негредо би можел да ја напушти Англија по само една сезона, со оглед дека најавил трансфер во Атлетико Мадрид.

Несудениот репрезентативец на Шпанија за Мундијалот, го известил раководството на шампионот на Премиералигата дека би сакал следната сезона да го облече „црвено-белиот“ дрес.

Негредо во Сити пристигна како големо засилување од Севиља, меѓутоа не успеа да се избори за место во стартната постава, а се шпекулира дека поради тоа дојде до конфликт со менаџерот Мануел Пелегрини.

Како и да е, Сити по водство на искусниот стратег дојде до титулата во Англија, па поради тоа сите замерки на Негредо упатени кон раководството се одбиени, па така тој е најблиску до одлуката да го напушти клубот.

Минатата сезона во дресот на Сити постигна девет голови на 27 средби во првенството, што е прв пат од сезоната 2005/06 со едноцифрен број на погодоци да ја заврши сезоната.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Негредо има голема желба да заигра во тимот на Диего Симеоне, кој за тој трансфер ќе мора да одвои преку 25 милиони евра. Тоа се чини како преголема сума, но со оглед дека Диего Коста ќе продолжи во Челзи, не би било изненадување „јорганџиите“ да се одлучат за овој потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП