6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Одлична Костарика и брилијантна Франција

СП 2014: Одлична Костарика и брилијантна Франција

brazil francija

Нова сензација на Костарика, брилијантна Франција и пресвртот на Еквадор го одбележаа деветиот ден на Мундијалот во Бразил.

Во првиот натпревар од денот Костарика ја шокираше Италија со 1:0 и се пласираше во осминафиналето од „групата на смртта“.

Потоа следеше часот по фудбал на Франција, која во рамките на Групата Е ја декласираше Швајцарија со 5:2 и исто така си обезбеди место меѓу 16-те најдобри.

Во последниот наптревар од денот, Еквадор со пресврт ја победи селекцијата на Хондурас со 2:1 и остана во игра за пласман во осминафиналето од Групата Е.

Костарика го занеми светот, победувајќи ја Италија со 1:0 и си обезбеди место во елиминациската фаза од Светското првенство во Бразил. Единствениот гол беше дело на Брајан Руиз на крајот на првото полувреме. Костарика има 2 победи од 2 натпревари и претставува вистинско изненадување во „групата на смртта“.

Франција славеше со 5:2 против Швајцарија во вториот натпревар од Групата Е на СП 2014 и на тој начин речиси сигурно ќе се најде во фазата на елиминации. Во натпреварот со најмногу погодоци досега на Мундијалот,  за „петлите“ точно петмина различни фудбалери ја тресеа противничката мража – Оливие Жиру, Блес Матуиди, Метју Валбуена, Карим Бензема и Муса Сисоко. Во првиот дел Бензема пропушти и пенал, а играчот на Реал Мадрид беше асистент на два погодоци со што беше еден од најдобрите на теренот. За Швајцарците на крајот на натпреварот голови постигнаа Блерим Џемаили и Гранит Чака.

Херојот на Еквадор во триумфот на Хондурас е Валенсија, но не Антонио, туку Енер. Селекцијата на Хондурас поведе прва со голот на Костли во 31-вата минута, но само три минути подоцна Валенсија го најави пресвртот. Во 34-тата реализираше за 1:1, а во 65-тата и донесе водство од 1:2 на екипата на Еквадор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП