23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанските гиганти ќе се наддаваат за Уругваецот

Шпанските гиганти ќе се наддаваат за Уругваецот

638-397-luis-suares

Офанзивата за потписот на Луис Суарез продолжува со полна пареа. По информациите дека Реал Мадрид е подготвен да го купи, денеска во Шпанија беше објавено дека и другиот локален гигант, Барселона, е подготвен да се наддава за Уругваецот.

Според „Мундо Депортиво“, „каталонците“ испратиле понуда во вредност од 65 милиони евра за напаѓачот и наскоро може да има позитивна разврска за нив од преговорите со Ливерпул.

Шефовите на тимот од „Камп Ноу“ веќе го привлекоа Иван Ракитиќ од Севиља, но сакаат да направат уште посериозно засилување на офанзивата линија.

Неодамна Суарез потпиша договорот со Ливерпул и има откупна клаузула со вредност од 85 милиони фунти. Но според информациите во Шпанија и Англија, имало точка во него, според која сумата паѓа за 20 милиони при понуда од Реал или Барса.

Засега нема официјална информација за понуда и преговори. Сигурно развој околу оваа сага се очекува по завршувањето на Светското првенство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП