3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Шпанија преобразена влегува во натпреварот за живот или смрт

СП 2014: Шпанија преобразена влегува во натпреварот за живот или смрт

furija2

Светскиот шампион Шпанија го започна учеството на СП 2014 со шокантен пораз од Холандија и со погрешен чекор против Чиле денес може да отпадне од турнирот уште во групната фаза. Натпреварот е исклучително важен за „црвената фурија“, а против себе тимот на Висенте дел Боске ќе има еден многу суптилен ривал, кој стекна самодоверба со победата против Австралија и ќе се обиде да ги искористи проблемите на Шпанците.

Дел Боске отворено изјави дека планира да направи доста промени во составот. Барем половина од стартерите од несреќниот натпревар со Холандија, денеска ќе останат на клупата. Се очекува шанса за докажување да добијат десниот бек Хуанфран, Сесар Аспиликуета, кој ќе започне на левата бековска позиција, Хавиер Мартинес, Педро Родригез и дури Фернандо Торес, за кого весник „AS“ прогнозира дека ќе игра во нападот заедно со Диего Коста.

Во Шпанија се смируваат со сеќавањето од 2010-та година, кога тимот повторно започна со пораз (0:1) од Швајцарија, но потоа стигна до светската титула. „Фуријата“ никогаш не губела два последователни натпревари под водство на Дел Боске и тоа исто така е повод за оптимизам.

Чилеанците од своја страна немаат никакви кадровски проблеми и селекторот Хорхе Сампаоли речиси сигурно ќе се започне со истите 11 кои беа меѓу стартерите при победата над Австралија. Најмногу ќе се потпира на брзината на Алексис Санчез и на Едуардо Варгас. Артуро Видал веќе се чувствува подготвен за полни 90 минути и ќе биде партнер во средината на теренот со Хорхе Валдивија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП