28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакитиќ и официјално е новото засилување на Барса

Ракитиќ и официјално е новото засилување на Барса

paktici barsa

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ќе игра во Барселона во новата сезона. Фудбалерот беше претставен како ново засилување на „каталонците“.

Според информациите договорот на Ракитиќ ќе е за пет години, а како што објавија медимите, тој ги минал медицинските прегледи во кампот на Хрватска во Бразил.

Фудбалерот доаѓа од Севиља, каде што помина три сезони, а како капитен на тимот им помогна на „андалузијците“ да ја освојат Лига Европа.

Во составот на Барселона, Хрватот треба да го пополни местото ослободено од Цеск Фабрегас, затоа што шпанскиот репрезентативец минатата недела потпиша со Челзи.

Барселона ќе и плати на Севиља околу 18 милиони евра плус бонуси, а како дел од договорот е младинскиот репрезентативец Денис Суарез кој преминува на „Рамон Санчез Писхуан“ на двегодишна позајмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП