2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпарс дојдоа до петтата титула во НБА

Спарс дојдоа до петтата титула во НБА

sparsii

Сан Антонио Спарс ја освои својата петта титула во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА) по новата убедлива победа со 104:87 над Мајами.

Избраниците на Грег Попович триумфираа со 4:1 над шампионите во финалната серија.

Кауај Леонард повторно демонстрира исклучителната форма со 22 поени и 10 скока, за да биде избран за најкорисен играч во финалето. 22-годишниот кошаркар стана најмладиот „MVP“ во финалната серија по својот соиграч Тим Данкан во 1999-та година.

„Сето ова е како сон за мене. Отпаднавме во полуфиналето во мојата прва сезона и ја изгубивме титулата во минатото финале. Сега, во мојата третата година, сме шампиони. Само треба да веруваш во себе и во напорната работа“, објасни Леонард по средбата.

Сан Антонио заостануваше со 16 поени по првите седум минути на дуелот, но во втората и третата четвртина стави целосна контрола на теренот со 55:29.

Леброн Џејмс постигна 31 поен за Мајами, но во целина беше крајно неефикасен, откако постигна 17 од нив само во првиот дел.

Тие беа многу подобар тим денес“, призна Џејмс и го оддаде заслуженото почитување на новиот шампион.

„Токму така треба да се игра кошарка од еден тим, од еден колектив. Момчињата се движеа, преминувајќи пасови, додавања, шутираа во секоја прилика. Сите играа само за тимот, а не за себе“, додаде Џејмс.

Сан Антонио и Мајами си разменија по една победа во почетокот на серијата, по што Спарс влезе во серија од успеси со двоцифрена разлика и заслужено ја освои титулата. Клубот триумфираше во НБА во 1999-та, 2003-та, 2005-та и 2007-ма година.

Сан Антонио стана првиот тим по Детроит Пистонс во 1989-та година, кој станува шампион по загуба на трофејот по седум натпревари во претходната година. Тогаш Спарс водеше со 3:2 и 28 секунди пред крајот на шестата средба имаше преднос, но загуби и потоа ја испушти титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП