27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Најлошо платените тренери на Светското првенство

СП 2014: Најлошо платените тренери на Светското првенство

meksiko trener

Неодамна Жозе Мурињо откри дека одбил да стане тренер на националниот тим на Англија по совет на неговата сопруга, која претпостави дека на него ќе му е досадно од тоа да раководи национален тим.

„Не можам да дочекам две години за големо првенство, а во тоа време да играм против Казахстан и Сан Марино. Тоа не е за мене. Сопругата ми рече, ако нема фудбал и натпревари, тоа не е за тебе“, изјави Специјалниот.

Друга причина можеби е фактот дека клупските тренери заработуваат значително повеќе од оние кои водат национални тимови. Најдобро платениот тренер на национален тим е Фабио Капело, кој го води тимот на Русија и тоа за 11.2 милиони долари годишно. За споредба Мурињо, кој е втор најдобро платен клупски тренер во светот, заработува 17 милиони долари годишно, пишува „Forbes“.

Разликите во платите на тренерите на тимовите кои учествуваат на Светското првенство во Бразил, се доста фрапантни. Вториот и трeтиот најдобро платени тренери по Капело се Рој Хоџсон (Англија) – 5.87 милиони долари и Чезаре Прандели (Италија) – 4.3 милиони долари. Годишната плата на Капело, сепак, е толку голема што тој заработува повеќе за една недела отколку најслабо платениот тренер на Светското првенство за една година.

Тоа е тренерот на Мексико, Мигел Ерера, чија годишна плата изнесува 209.000 долари. Во позадината на платите на луѓе како Капело и Хоџсон, најслабо платените тренери на Светското првенство добиваат ништожни плати, но и покрај тоа тие се неколку пати поголеми од просечните плати кои ги плаќаат во соодветните земји, чии тимови тие ги водат.

Еве ги и нив:

15. Сабри Ламуши, Брегот на Слоновата Коска – 1.037.450 долари.

795 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Брегот на Слоновата Коска.

14. Вахид Халилхоџиќ, Алжир – 1.007.070 долари.

179 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Алжир.

13. Марк Вилмотс, Белгија – 864.400 долари.

„Само“ 19 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Белгија.

12. Фернандо Сантош, Грција – 864.400 долари.

37 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Грција.

11. Алехандро Сабела, Аргентина – 818.240 долари.

67 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Аргентина.

10. Хон Ли Мјун-Бо, Јужна Кореја – 795.250 долари.

34 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Јужна Кореја.

9. Луис Фернандо Суарез, Хондурас – 629.420 долари.

258 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Хондурас.

8. Реиналдо Руеда, Еквадор – 566.480 долари.

100 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Еквадор.

7. Хорхе Луис Пинто, Костарика – 440.590 долари.

45 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Костарика.

6. Фолкер Финк, Камерун – 394.440 долари.

322 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Камерун.

5. Стивен Кеши, Нигерија – 392.420 долари.

240 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Нигерија.

4. Сафет Сушич, Босна и Херцеговина – 352.470 долари.

74 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Босна и Херцеговина.

3. Нико Ковач, Хрватска – 271.740 долари.

19 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Хрватска.

2. Џејмс Квеси Апија, Гана – 251.770 долари.

150 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Гана.

1. Мигел Херера, Мексико – 209.810 долари.

21 пати повеќе од просекот кој го плаќаат во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП