27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПовторно триумф на Шумахер, тој не е веќе во кома!

Повторно триумф на Шумахер, тој не е веќе во кома!

sumi budenje

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер излезе од кома, објави неговата портпаролка Забине Кем. Германецот ја напуштил клиниката во Гренобл, за да биде сместен во клиника за рехабилитација.

„Михаел ја напушти клиниката во Гренобл, за да ја започне долгата фаза на рехабилитација. Тој веќе не е во кома“, започнува соопштението на Кем.

„Неговото семејство изразува голема благодарност на лекарите, сестрите, терапевтите и целиот персонал во Гренобл, како и кон тимот кој му укажал прва помош на местото на инцидентот“.

„Семејство Шумахер исто така е благодарно на сите луѓе кои испраќаа поддршка за Михаел. Тие сигурно му помогнаа. За во иднина ве молиме за разбирање, дека понатамошната рехабилитација нема да биде јавна“, завршува Кем.

Уште во месец април Кем беше изјави дека Шуми има кратки фази на будење. Во последните денови предметните фази станаа подолготрајни. Славниот шампион препознава гласови, реагира на звук и допир.

Весникот „Билд“ тврди дека најуспешниот пилот во Формула 1 на сите времиња веќе комуницира со сопругата Корина и нивните деца. Состојбата на Михаел е стабилна и тој нема потреба од грижа на тимот во Гренобл.

Како што е познато, Шумахер настрада при ски-инцидент на 29-ти декември и оттогаш досега беше во кома, поради повредите на главата. Покрај мрачните предвидувања на некои професионалци, Михаел Шумахер ја освои најважната победа во својот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП